Како малопродажба има третман секоја продажба на производи и услуги ,
во објект кој е регистриран за таква намена и има фискален апарат.
Во секој малопродажен објект задолжително е поседување-водење на
книга за евиденција на промет на мало. Во оваа книга се заведуваат сите
задолжувања на ...
Прочитај повеќе
Како малопродажба има третман секоја продажба на производи и услуги ,
во објект кој е регистриран за таква намена и има фискален апарат.
Во секој малопродажен објект задолжително е поседување-водење на
книга за евиденција на промет на мало. Во оваа книга се заведуваат сите
задолжувања на објектот со стока по продажни цени и вкупниот дневен
пазар( согласно дневниот извештај од фискалната каса ) за секој ден.
Покрај оваа книга обврзани сте да поседувате и книга за евиденција само
на дневниот промет( книга за дневни финансиски извештаи ).
Доколку се работи за малопродажни објекти со континуиран многу голем
дневен промет , субјектот е должен да обезбеди и резервни фискални
апарати ( за во случај на расипување на фискална каса што е во употреба)
. Помалите субјекти , со помал промет , обврзани се да обезбедат книга
за итна евиденција ( заверена во управа за приходи ) , како и парагон
блокови , исто така заверени во УЈП.
Видови на задолжување на објектот
1. РЕДОВЕН СЛУЧАЈ : За стоката е добиена нормална документација и е
влезена во дуќан (дуќанот е задолжен) при што се изготвува ПЛТ (приемен
лист во трговија на мало). Под нормална документација се подразбира:
- Фактура
- Готовинска сметка со прилог фискална сметка .
- Испратница од магацин (доколку субјектот располага со свој магацин , регистриран како деловна единица)
ПРОДАЖБА НА СТОКАТА
Има две варијанти на продажба на стоката :
- плакање во готово : се издава фискална сметка , парите се уплаќаат на жиро сметка заедно , износот на целиот дневен промет се заведува во финансовата книга.
- купувач е фирма , плакањето е на жиро сметка : се издава
фактура ( се доставува до книговодство ), а прометот се евидентира во
фискалниот апарат , се заведува прометот во финансовата книга.
2.
Примање на АВАНС : Има случаи ( кај стока со поголема поединечна
вредност или стока со посебна порачка ) кога е потребно да се обезбеди
гаранција (аванс ) како сигурност дека купувачот ке ја купи нарачаната стока.
- Фирма уплака преку жиро : се издава авансна ф- ра . Овој промет
не се внесува во фискалниот апарат , не се заведува во финансовата
книга . По пристигнувањето на стоката може директно да се издаде ф-ра
без да се прави влез ( без ПЛТ -образец ) во продавница. Овој случај
може да се примени и за приватни лица доколку уплатата на парите е
извршена од страна на купувачот директно на жиро-с/ка.
НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН СЛУЧАЈ
- Приватно лице дава аванс во готово : за износот на примените пари на лицето
МОРА
да му се издава фискална сметка.Парите се уплакаат на жиро-сметка како и другиот дневен пазар . Во фискалната се внесуваат податоци за артикалот кој треба да биде продаден , цената е регуларна а износот се дефинира преку
количината , пример 50% аванс : се внесува количина 0.5
и сл. Со пристигањето на стоката и нејзиното испорачување на купувачот:
се прави задолжување на продавницата со ПЛТ ОБРАЗЕЦ , останатиот дел од
средствата до полниот износ се внесува во фискалниот апарат , парите се
уплакаат на жиро , износот се заведува во финансовата книга. Наше мислење е дека за ваквите аванси треба да си имате посебна ваша евиденција .
Овој начин функционира во текот на годината и може да се применува без проблем . На крајот на фискалната година ,
до книговодство треба да се
достави информација за примените аванси
, а за кои испораката на стоката ќе се изврши во
следната година
. Во спротивно ќе има несложување помеѓу книговодствената евиденција и пописот во продавница .
За случајот на примени пари во готово како капар има различни
мислења . Опишаниот пример е во ред кога се би се завршило како што
треба . Меѓутоа, во случај, кога купувачот ке се предомисли може да се
јави технички проблем , доколку странките се договорат парите да бидат
вратени . Проблемот е кај фискалниот апарат бидејки не прифаќа сторна
сметка за сметка издадена во претходен период туку само од истиот ден .
Нашата препорака е
: На купувачот да му се вратат парите на трансакциска , а до
книговодство да се достави писмена информација за датата кога е примен
авансот .
Уплата на дневниот пазар
Дневниот пазар според законот за платен промет сте обврзани да го
уплатувате секој ден . Ослободени од оваа обврска се само објектите кои
се одалечени од најблиската банка најмалку 30 км. Наше мислење е дека ,
доколку не сте во можност да вршите уплата секој ден , да го правите тоа
најмалку 3-4 пати во неделата.
СТОРНИ СМЕТКИ
Честопати во секојдневното работење се случуваат и грешки при
ракувањето со фискалниот апарат . Исправањето на грешката се прави со
издавање на сторни фискални сметки .Во
случај грешката да биде откриена следниот ден и апаратот не прифаќа
сторна сметка , употребете парагон блок кој е заверен од УЈП и служи во
случаи кога фискалната не е во функција .За сторни сметки со поголем износ , имате обврска да ја обавестите УЈП за направената грешка.
ЗАКЛУЧОК
1. Стоката изнесена од малопродажниот објект мора да биде проследена
со издавање на фискална с-ка , не издавањето на фискална сметка
повлекува казна за правното лице до 1500 еу до 500 еу за одговорното
лице како и времено затварање на објектот од најмалку еден месец.
2. Влезот на стоката во продавница мора да биде прикажан преку ПЛТ и заведен во книгата на мало.
3. За стоката во дуканот мора да има истакната малопродажна цена како и декларација за потеклото.
4. Истакнато работно време
5. Истакнат телефон од пазаришна инспекција на видно место
6. За субјекти кои продаваат : цигари , алкохолни пијалоци ,
енергетски пијалоци треба да се истакне дека е забранета продажбата на
малолетни лица .
7. Разликата помегу задолжувањето дуќанот и
дневниот пазар го дава пописот на стоката во објектот . Секоја разлика е
или вишок или кусок . Секој од овие два случаи повлекува последица која
се однесува на плакањето на ДДВ или данок од добивка .
8. Во случај на промена на цени , потребно е да се подготви документ за нивелација на цени.
9. Во случај кога стоката се пренесува од еден во друг мало продажен
објект потребно е да се изготви ПРЕНОСНИЦА . Со овој документ се
раздолжува едниот а се задолжува другиот објект.
10. КРШ-РАСТУР Секој направен крш или растур треба да биде регистриран комисиски и доставен до книговодство.