ПРОФЕСИОНАЛНА УСЛУГА СПОРЕД СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ

Girl in a jacket

Сметководство

Сметководствени услуги за Startup компании, мали и средни компании од областа на производствените, трговските и услужните дејности.

Girl in a jacket

Материјално

– Евиденција во Трговијата, ПЛТ – Приемни листови во Трговијата

Girl in a jacket

Малопродажба

Како малопродажба има третман секоја продажба на производи и услуги

Girl in a jacket

МАРКА МАР ММХ ДООЕЛ

Вршење на сметководствените работи согласно Законот за вршење на сметководствени работи

Girl in a jacket

Големопродажба

Секое претпријатие кое работи на големо треба да внимава и да ги исполнува следните услови

Girl in a jacket

Корисни линкови

Министерство за финансии www.finance.gov.mk

Нашите услуги

СТАНБЕН УПРАВИТЕЛ е фирма чија дејност е управување и одржување станбени објекти со обновена лиценца бр.08-233/3 издадена од страна на Регулаторна комисија за домување

Girl in a jacket

Управување и оддржување на објектот опфаќа:

Сметководствени услуги за Startup компании, мали и средни компании од областа на производствените, трговските и услужните дејности.
Финансиско сметководство Контирање и составување на налози за книжење
- Водење на главна книга (синтетика)
- Водење на помошни книги (аналитика)
- Водење на аналитика за купувачи и добавувачи
- Составување на разни извештаи и пресметки
- Изготвување на годишни финансиски извештаи за средни и големи субјекти
- Главна книга за компанијата, состојба на приходите, расходи и профит во бараниот период со потребна аналитичка разработка на трошковите
Основни средства
Попис на основни средства и амортизација, во зависност од потребата амортизацијата може да биде нормална или забрзана.
Плати
Изготвувањето на рекапитулари за плата и составување на месечна пресметка за интегрирана наплата на данок и придонеси од плата, изработка на плати за вашите вработени, платни листи, ги пополнуваме сите обрасци кои по потреба ги доставуваме во соодветните установи.
Даноци
- Пресметки на данок на додадена вредност.
- Пресметка на данок на добивка и персонален данок на доход и составување на извештаи за овие видови на даноци
- Изработка на ДДВ зависно од вашиот промет, месечно, тромесечно или годишно.
Завршни

Girl in a jacket

Материјално сметководство

• ЕТ – Евиденција во Трговијата
• ПЛТ – Приемни листови во Трговијата
• Благајничко работење
Материјалното книговодство на големопродажба, така што секогаш имаме податоци за состојбата на магацинот и по цена и по количина на робата.
Материјално книговодство за производство го работиме по работни налози и нормативе за одреден производ, така што секогаш имаме состојба на материјалот на залиха по цена и количина. Изработка на приеми или калкулација зависно на вашата желба, приемите ги водиме по влезни и излезни цени.

Girl in a jacket

Корисни линкови

Министерство за финансии www.finance.gov.mk
Министерство за економија www.economy.gov.mk
Министерство за труд и социјална политика www.mtsp.gov.mk
Управа за јавни приходи www.ujp.gov.mk www.ujp.gov.mk
Министерство за здравство www.zdrastvo.gov.mk
Агенција за вработување www.zvvrm.gov.mk
Централен регистар на РМ www.crm.com.mk
Државен завод за статистика www.stat.com.mk
Дирекција за спречување на перење пари www.dspp.gov.mk
Дирекција за заштита на личните податоци www.dzlp.gov.mk
Институт за овластени ревизори www.iorrm.org.mk
Рафајловски Консалтинг www.rafajlovski.com.mk
Фонд за здраствено осигурување www.fzo.org.mk
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување www.piom.com.mk

Girl in a jacket

Потребни документи

• Компензација - двојна
• Компензација - тројна
• Цесија
• Решение за регрес
• Договор за кирија на недвижен имот
• Договор за кирија на возило
• Договор за позајмица
• Одлука за отпис
• Одлука за исплата на регрес за годишен одмор
• Опомена пред тужба
• ППР Образец
• Договор за вработување
• Изјава за мобинг
• Решение - Одмор
• Овластување на овластено лице со список на лица кои ги одјавува од работен однос

Girl in a jacket

Малопродажба

Како малопродажба има третман секоја продажба на производи и услуги , во објект кој е регистриран за таква намена и има фискален апарат.Во секој малопродажен објект задолжително е поседување-водење на книга за евиденција на промет на мало. Во оваа книга се заведуваат сите задолжувања на објектот со стока по продажни цени и вкупниот дневен пазар( согласно дневниот извештај од фискалната каса ) за секој ден. Покрај оваа книга обврзани сте да поседувате и книга за евиденција само на дневниот промет( книга за дневни финансиски извештаи ).

Доколку се работи за малопродажни објекти со континуиран многу голем дневен промет , субјектот е должен да обезбеди и резервни фискални апарати ( за во случај на расипување на фискална каса што е во употреба) . Помалите субјекти , со помал промет , обврзани се да обезбедат книга за итна евиденција ( заверена во управа за приходи ) , како и парагон блокови , исто така заверени во УЈП.

Видови на задолжување на објектот

1. РЕДОВЕН СЛУЧАЈ :
За стоката е добиена нормална документација и е влезена во дуќан (дуќанот е задолжен) при што се изготвува ПЛТ (приемен лист во трговија на мало).
Под нормална документација се подразбира:
- Фактура
- Готовинска сметка со прилог фискална сметка.
- Испратница од магацин (доколку субјектот располага со свој магацин , регистриран како деловна единица)

ПРОДАЖБА НА СТОКАТА

Има две варијанти на продажба на стоката :
- плакање во готово : се издава фискална сметка , парите се уплаќаат на жиро сметка заедно , износот на целиот дневен промет се заведува во финансовата книга.
- купувач е фирма , плакањето е на жиро сметка : се издава фактура ( се доставува до книговодство ), а прометот се евидентира во фискалниот апарат , се заведува прометот во финансовата книга.
2. Примање на АВАНС : Има случаи ( кај стока со поголема поединечна вредност или стока со посебна порачка ) кога е потребно да се обезбеди гаранција (аванс ) како сигурност дека купувачот ке ја купи нарачаната стока.
- Фирма уплака преку жиро : се издава авансна ф- ра . Овој промет не се внесува во фискалниот апарат , не се заведува во финансовата книга . По пристигнувањето на стоката може директно да се издаде ф-ра без да се прави влез ( без ПЛТ -образец ) во продавница. Овој случај може да се примени и за приватни лица доколку уплатата на парите е извршена од страна на купувачот директно на жиро-с/ка.
НАЈПРОБЛЕМАТИЧЕН СЛУЧАЈ
- Приватно лице дава аванс во готово : за износот на примените пари на лицето МОРА да му се издава фискална сметка. Парите се уплакаат на жиро-сметка како и другиот дневен пазар . Во фискалната се внесуваат податоци за артикалот кој треба да биде продаден , цената е регуларна а износот се дефинира преку количината , пример 50% аванс : се внесува количина 0.5 и сл. Со пристигањето на стоката и нејзиното испорачување на купувачот: се прави задолжување на продавницата со ПЛТ ОБРАЗЕЦ , останатиот дел од средствата до полниот износ се внесува во фискалниот апарат , парите се уплакаат на жиро , износот се заведува во финансовата книга. Наше мислење е дека за ваквите аванси треба да си имате посебна ваша евиденција .Овој начин функционира во текот на годината и може да се применува без проблем . На крајот на фискалната година , до книговодство треба да се достави информација за примените аванси , а за кои испораката на стоката ќе се изврши во следната година . Во спротивно ќе има несложување помеѓу книговодствената евиденција и пописот во продавница .

За случајот на примени пари во готово како капар има различни мислења . Опишаниот пример е во ред кога се би се завршило како што треба . Меѓутоа, во случај, кога купувачот ке се предомисли може да се јави технички проблем , доколку странките се договорат парите да бидат вратени . Проблемот е кај фискалниот апарат бидејки не прифаќа сторна сметка за сметка издадена во претходен период туку само од истиот ден .
Нашата препорака е : На купувачот да му се вратат парите на трансакциска , а до книговодство да се достави писмена информација за датата кога е примен авансот .
Уплата на дневниот пазар
Дневниот пазар според законот за платен промет сте обврзани да го уплатувате секој ден . Ослободени од оваа обврска се само објектите кои се одалечени од најблиската банка најмалку 30 км. Наше мислење е дека , доколку не сте во можност да вршите уплата секој ден , да го правите тоа најмалку 3-4 пати во неделата.

СТОРНИ СМЕТКИ

Честопати во секојдневното работење се случуваат и грешки при ракувањето со фискалниот апарат . Исправањето на грешката се прави со издавање на сторни фискални сметки .Во случај грешката да биде откриена следниот ден и апаратот не прифаќа сторна сметка , употребете парагон блок кој е заверен од УЈП и служи во случаи кога фискалната не е во функција .За сторни сметки со поголем износ , имате обврска да ја обавестите УЈП за направената грешка.

ЗАКЛУЧОК

1. Стоката изнесена од малопродажниот објект мора да биде проследена со издавање на фискална с-ка , не издавањето на фискална сметка повлекува казна за правното лице до 1500 еу до 500 еу за одговорното лице како и времено затварање на објектот од најмалку еден месец.
2. Влезот на стоката во продавница мора да биде прикажан преку ПЛТ и заведен во книгата на мало.
3. За стоката во дуканот мора да има истакната малопродажна цена како и декларација за потеклото.
4. Истакнато работно време
5. Истакнат телефон од пазаришна инспекција на видно место
6. За субјекти кои продаваат : цигари , алкохолни пијалоци , енергетски пијалоци треба да се истакне дека е забранета продажбата на малолетни лица .
7. Разликата помегу задолжувањето дуќанот и дневниот пазар го дава пописот на стоката во објектот . Секоја разлика е или вишок или кусок . Секој од овие два случаи повлекува последица која се однесува на плакањето на ДДВ или данок од добивка .
8. Во случај на промена на цени , потребно е да се подготви документ за нивелација на цени.
9. Во случај кога стоката се пренесува од еден во друг мало продажен објект потребно е да се изготви ПРЕНОСНИЦА . Со овој документ се раздолжува едниот а се задолжува другиот објект.
10. КРШ-РАСТУР Секој направен крш или растур треба да биде регистриран комисиски и доставен до книговодство.

Girl in a jacket

Големопродажба

Во досегашната наша пракса немаме сретнато некој стручен материјал во кој би биле опишани сите обврски за претпријатијата кои се бават со трговија на големо. Во понатамошниот текст ќе се обидеме да ги ставиме на едно место сите информации што дошле до нас од различни извори ИСКУСТВА .
Секое претпријатие кое работи на големо треба да внимава и да ги исполнува следните услови :

  • Да регистрира деловна единица-магацин во Централен регистерДа пријави работно време во ЦРМ.
  • Да се регистрира за ДДВ обврзник во рок од 10 работни денови од првиот промет ( ова е во случај кога сопственикот сака доброволно да се пријави и да биде ДДВ обврзник) .Како прв промет се смета : добиена фактура или издадена фактура или промет преку жиро сметка за платена или наплатена фактура.
  • Во магацинот треба да се води евиденција на стоките. Оваа евиденција во најосновна форма мора да содржи : име на артикал,број на влезен или излезен документ и количина за влез или излез на стоката. Ова се минималните-основни картици кои треба да ги има во секој магацин .
  • Да води евиденција за ВЛЕЗНИ и ИЗЛЕЗНИ фактури . Оваа евиденција се води во тетратки за излезни и влезни фактури.Овие тетратки може да се набават во секоја подобро снабдена книжарница. Оваа евиденција секако може да се води и во електронска форма . Излезните фактури мора да се издаваат по редослед . Доколку заради некоја ваша причина не сте во можност фактурите да бидат по редоследни броеви , во тој случај секоја фактура мора да има сериски број. Сериските броеви мора да се по редослед.
  • Секоја фактура треба да биде проследена со испратница , уредно потпишана и од издавачот на стоката и од примачот на стоката. Во принцип , доколку се работи за нередовен купувач , потребено е покрај потписот да се наведат и личните податоци ( име и презиме и број на ЛК ) на превземачот на стоката. Наша препорака е ова да се востанови како пракса за сите купувачи .
  • Секоја ваша фактура треба да ги содржи следните основни податоци : Во фактурата треба да се наведе името на стоката или услугата со својот точен и недвосмилен назив , количината на испорачаната стока , цена без ДДВ ,тарифата на ДДВ ( 18% или 5 % ), вкупен износ без ДДВ а дури на крај се изразува ВКУПНОТО ДДВ и тоа поделено по тарифи , односно 5% или 18% .
    • име на фирмата ( издавач на фактурата )
    • адреса на која е регистрирано претпријатиетоданочен број ( доколку сте ДДВ обврзник пред даночниот број се става МК)
    • телефон за контакт
    • e-mail адреса
    • жиро сметка ( на една или повеќе банки )
    • име на КУПУВАЧОТ со негова адреса
  • Во фактурата мора да биде наведен периодот во кој треба да се изврши плаќањето на фактурата како и износот на затезна камата доколку не се испочитува рокот наведен за плаќање.
  • Секоја фактура треба да има место за потпис на одговорното лице за изготвување на фактурата, како и на одговорното лице ( управител ) во фирмата.

Новости & анализи

  • April 10, 2018 Финансиско сметководство, закони и правила за правилно работење

  • May 07, 2018 Консултантски услуги за Вашата компанија

  • April 25, 2018 Сметководствени и административни услуги, комплетна грижа за нашите клиенти

Последни новости

  • April 10, 2018 Финансиско сметководство, закони и правила за правилно работење

  • May 07, 2018 Консултантски услуги за Вашата компанија

  • April 25, 2018 Сметководствени и административни услуги, комплетна грижа за нашите клиенти

Girl in a jacket

За нас | За компанијата

Друштвото за книговодсвени услуги МАРКА МАР ММХ ДООЕЛ Скопје e основано во 1992 година и ги исполнува условите за вршење на сметководствените работи согласно Законот за вршење на сметководствени работи со лиценца број 710070 и преку лиценцирани овластени сметководители.

На своите клиенти им гарантира услуга со висок квалитет со почитување на правилата за квалитет во обезбедувањето на услугите дефинирани со позитивните законски прописи и строго почитување на етичките правила прецизирани со Етичкиот кодекс на IFAC (Меѓународната федерација на сметководители) објавен во Службен весник на РМ број 79/2010 година.

photo

Барање за понуда

ДДВ обврзник
Работа во странство
Услуги
Loading
Your message has been sent. Thank you!